| четврток, 6 декември 2018 |

Залутана сачма погодила ловџија в око

lovci

Ловечка несреќа, која се случила вчера утрото во струшкото село Октиси, за малку ќе оставела еден ловец без око.

Четириесет и двегодишниот Ј.А. од с. Октиси бил во лов на дивеч со својот пријател. При испукување од неговата ловна пушка сачмата се одбила од камен и го повредила во пределот на окото.

Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Струга од каде што поради сериозноста на повредата е префрлен во болница во Охрид.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top