| четврток, 6 декември 2018 |

Половина деца во Бугарија не знаат бугарски

deca

Бугарскиот не е мајчин јазик за 50 проценти од новородените деца во Бугарија. Ова го истакнал професорот Петар Иванов од Центарот за демографска политика во Варна.

– Според нашето истражување, населението во Бугарија се топи со по осум лица на ден. Тоа е најбрзото темпо на изчезнување на некое население во светот. За 50 проценти од новородените бугарскиот не е веќе мајчин јазик, но етничката структура е неудобна тема за бугарските политичари – посочил Иванов.

Во текот на оваа година во Буагрија се родени 53.000 бебиња, што е помалку за околу 16.000 новороденчиња, споредено со минатата година, а како што потенцира Иванов, статистиката покажала дека за околу 30.000 од нив бугарскиот не е основен јазик.

– Од 9 милиони останавме само 6,98 милиони жители во Бугарија, а според прогнозите на Светската банка до 2050 година ќе се стопиме на околу 4 милинои жители – коментира Иванов.

Георги Брдаров, професор од Географскиот факултет на софискиот универзитет, истакнал дека Ромите се сметаат како резерви на трудови работници во Бугарија и дека треба да се обрати поголемо внимание на нивното образование.

– Ромите имаат краток животен век и висока смртност. За мене е најстрашна промената во возрасната структура, државата не може да издржува толкав број неактивно население – посочил Брдаров, според кого невработеноста на младите е уште еден важен акцент во демографската криза на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top