
Кирил Лазаров, капитенот на македонската машка ракометна репрезентација со шпанската Барселона го освои Купот АСОБАЛ, откако во финалето славеше против Грањолерс со 34-28. Ова е втор трофеј за Лазаров во дресот на Барселона.
Лазаров на овој меч имаше имаше учинок од три гола и три асистенции. По овој натпревар Лазаров се приклучува на македонскиот национален тим кој во Пореч ги почнува подготовките за претстојното Европско првенство во Данска, во јануару. На континенталното натпреварување најдобрите македонски ракометари го бранат петтото место од пред две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


