По вестите дека Александар Петрески, поранешниот охридски градоначалник бил физички нападнат од лице за кое се вели дека е поранешен директор на охридска винарија, како и по демантот на ексградоначалникот, „Република“ доби потврда ос Охридската полиција дека во текот на денешниот ден имало јавување од лицето А.П., кое пријавило загрозување на личната сигурност и безбедност. Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, согласно процедурите полицијата ги проверила деталите на терен. Се очекува по расветлување на случајот СВР Охрид деталите да ги изнесе во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


