Во финалето на СП во ракомет за жени репрезентацијата на Бразил успеа да слави против домаќинот репрезентацијата на Србија со 22-20.
Пред преполната „Комбанк“ арена бразилките успеаа да издржат пред притисокот на 20.000 гледачи.
Сите во салата очекуваа победа на своите репрезентативки, но „кариоките“ не мислеа така. Во првиот дел одлично го отворија натпреварот и поведоа со два разлика. Сепак, србинките се соземаа и со неколку голови во серија успеаа да дојдат до израмнување па покасно и да поведат. Финишот од полувремето им припадна повторно на бразилките и со заслужени два разлика отидоа на одмор (13-11).
Во вториот дел веднаш ја преземаа иницијативата и поведоа со високи пет разлика (16-11). Србинките и по овој нокдаун со помош на публиката која не ги остави во ниту еден момент полека но сигурно ја намалуваа разликата за да во 53 минута од мечот дојдат до израмнување. Сепак во финишот им недостасуваше сила целосен пресврт дури на две минути до крајот имаа и напад со играч повеќе, но не го искористија. На крајот Бразилките заслужено се радуваа.
Српскиот репрезентативен ракомет доживеа уште еден пораз во финалињата по оној на машката репрезентација која загуби на минатото ЕП толку во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.