На својата интернет страница партијата на Каракачанов им праќа порака на македонските Албаниц да не го чепкаат споменикот на цар Душан.
Во својот текст Станимир Радулов кој е член на бугарското ВМРО БНД ги критикува македонските Албанци за нападот врз споменикот на српскиот император, тврдејќи дека тој не бил само цар на Србите, туку и на Бугарите и на Арбанасите, Далматинците и на многу други народи.
Според Радулов, како што пренесува Канал 5 , споменикот на цар Душан мора да остане во Скопје затоа што според него неговата мајка била Бугарка, а по таткова линија тој самиот е внук на бугарскиот цар Ѓорѓи. Радулов тврди дека Душан бил цар на западно бугарското царство, а негова жена е сестра на трновскиот владетел Иван Александар којшто неколку пати му бил сојузник.
Српската историографија стравува од отворање на историјата на оваа тема затоа што ќе излезе дека цар Душан е бугарски цар, вели Радулов, според кого, тоа е единствената причина зошто само тој од династијата Неманиќи не е канонизиран за светец. Во обид да ги аргументира своите тези Радулов го користи и Крсте Петков Мисирков кој исто така тврдел дека тој е повеќе бугарски отколку српски владетел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.