Шеесет отсто од буџетската каса за догодина ќе се потроши за пензии, плати и социјални трансфери, а речиси 13 % се за капитални инвестиции, ниво кое е треба да се зголеми – смета Љупчо Зиков, претседател на Алијанса за позитивна Mакедонија.
Позитивна Македонија и забележува на Владата за структурата на Буџетот за наредната година и за нивото на капитални инвестиции. Тие според нив треба да бидат поголеми за да овозможат посилен раст на македонската економија. Велат дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тие би поддржале буџетска каса потешка за речиси една милијарда евра од актуелната.
-Алијансата за Позитивна Македонија нема проблем со буџетот од 2,9 милијарди евра. Напротив, сметаме дека вака поставените трошења на државаат бараат многу поголем буџет! Македонија нема проблем ниту со цифрата од 1,2 милијарди евра социјални трансфери или 60 % од буџетот. Но, ние сметаме дека Македонија за да го издржи ова вака,на земјата и е потребен буџет од 3,5 до 3,8 милијарди евра. Дури тогаш ке можеме да кажеме дека буџетот нуди функционална пазарна економија- порача претседателот на Алијансата, Љупчо Зиков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.