Украинските опозициски проевропски партии, предводници на протестите во Киев, на централниот киевски „Плоштад на независноста“, објавија формирање на здружен опозициски блок под називот Општонародна организација „Мајдан“.
Лидери на блокот се првите луѓе на партиите Татковина, Украинска демократска алијанса за реформи (УДАР) и Слобода, Арсениј Јаценјук, Виталиј Кличко и Олег Тјагнибок, како и поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко.
„Мајдан“ треба „да ги обедини групите и граѓаните во напорите за остварување на барањата на опозицијата“, кои меѓу останатото опфаќаат и оставка на Владата и одржување предвремени избори.
Јаценјук изјави дека „Мајдан“ ќе се бори „против корупцијата, против подмитливите судии и обвинители и против корумпираната и подмитлива Влада, која се обидува да ја спречи Украина да стане дел од Европа“.
Тјагнибок пак ги повка учесниците на протестот да формираат ограноци на „Мајдан“ во „своите села, градови, претпеијатија и институции“.
На денешниот протестен митинг на проевропската украинска опозиција на „Плоштадот на Независност“ се собраа околу 40 илјади лица за да го изразат своето незадоволство од одлуката на Владата во последен момент да не го потпише договорот за асоцијација на Украина со Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени