| четврток, 6 декември 2018 |

Над 150 000 „фискални пликоа“ до сега

08052013143444fiskalnamakedonskosonceНад 150 илјади плика досега пристигнале во Државната лотарија на Македонија, во рамки на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“.

Според вицепремирот и министер за финасии Зоран Ставрески деновиве има уште поголем интерес, а само во последните три-четири дена испратени се од 40 до 50 илјади плика. Очекува бројот да се зголеми пред Нова година кога ќе има зголемен промет.

Вицепремирот Ставрески апелираше до сите граѓани да ја искористат можноста и да учествуваат во наградната игра, посочувајќи дека, според податоците од терен, секаде се бара фискална сметка за секој производ што се купува од најмала до најголема вредност и оти е зголемен интересот за бели плика со стандардна големина.

– Имаме голем интерес за наградната игра и граѓаните очигледно увидоа дека на ваков начин можат и да ја исполнат својата општествена одговорност, односно да учествуваат во процесот на подобрување на финансиската и фискалната дисциплина, но и да имаат можност рамноправно да добијат една од вредните награди- изјави Ставрески.

Во текот на наградната игра ќе бидат доделени три типа автомобили, односно четири „Пежо 208“, три автомобили „Волфсваген Поло“ и две „Сеат Ибица“.

На првото извлекување кое ќе се одржи на 30-ти декември во 20 часот на МТВ ќе биде доделено „Пежо 208“, еден стан во Аеродром од 52 метри квадратни, дуќан од 30 метри квадратни и вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари, со кои може да се купи видео и аудио опрема и апарати за домаќинство.

Граѓаните освен преку пошта, пликоата со фискални сметки може да ги доставуваат во пунктот на Државната на лотаријата на градскиот плоштад во Скопје, а наскоро ќе бидат поставени вакви објекти и во другите градови во земјава.  Ќе се земат предвид и пликата за ова коло пристигнати на 29 декември на полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top