Женската репрезентација на Данска се закити со бронзен медал на СП во ракомет што се игра во Србија.
Данска важеше за еден од фаворитите за медал на ова првенство со што и го оствари.
Најголемото изненадување на ова СП првенство репрезентацијата на Полска која направи неколку изненадувања не успеа да последниот чекор до медал. Добро го отвори натпреверот и на полувреме водеше и со три голови разлика (15-12). Сепак искуството и традицијата кога се работи за женскиот ракомет проработе во вториот дел и со целосен пресврт Данска сепак заслужено го освои третото место.
Во борбата за златниот медал ќе се борат Србија и Бразил. Тие веќе еднаш играа меѓусебно во фазата по групи кога Бразил беше подобар и победи со 25-23. Сепак во финалето Србија ќе ја има целосната подршка од трибините во Комбанк арената во Белград каде се очекува преку 20.000 навивачи да го прослават златниот медал. Натпреварот почнува во 17.15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.