| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Граѓаните учествуваат во процесот на фискалната дисциплина

Над 150 илјади плика досега пристигнаа во Државната лотарија на Македонија, во рамки на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, информира денеска вицепремирот и министер за финасии Зоран Ставрески.

Според него, деновиве е забележан уште поголем интерес, а само во последните три- четири дена испратени се од 40 до 50 илјади плика.

Вицепремирот Ставрески апелираше до сите граѓани да ја искористат можноста и да учествуваат во наградната игра, посочувајќи дека, според податоците од терен, секаде се бара фискална сметка и оти е зголемен интересот за бели плика со стандардна големина.

– Граѓаните увидоа дека на ваков начин може да ја искажат својата општествена одговорност и да учествуваат во процесот на финансиската и фискалната дисциплина, изјави Ставрески.

Во текот на наградната игра ќе бидат доделени три типа на автомобили, 4 „Пежо 208“, три автомобили „Волфсваген Поло“ и три „Сеат Ибица“. На првото извлекување кое ќе се одржи на 30-ти декември во 20 часот на МТВ ќе биде доделено „Пежо 208“, еден стан во Аеродром од 52 метри квадратни, дуќан од 30 метри квадратни и вредносни ваучери од 3.000 до 60.000
денари со кои може да се купи видео и аудио опрема и апарати за домаќинство.

Граѓаните освен преку пошта, пликоаата со фискални сметки може да ги доставуваат во пунктот на Државната на лотаријата на градскиот плоштад во Скопје, а наскоро ќе бидат поставени вакви објекти и во другите градови во земјава. Ќе се земат предвид и пликата за ова коло пристигнати на 29 декември на полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top