| четврток, 6 декември 2018 |

Пилотот на авионот намерно ја предизвикал несреќата во Намибија

Според резултатите од првичната истрага, пилотот на мозамбискиот авион, кој се урна во Намибија, намерно ја предизвикал несреќата, во која загинаа 33 лица, покажуваат резултатите од првичната истрага.

Пилотот се затворил во пилотската кабина и не обрнал внимание на сигналите за трегова, ниту му ја отворил вратата на копилотот, кусо пред уривањето на авионот, покажува првичната истрага.

– Црните кутии на авионот покажуваат дека пилотот Ерминио душ Сантуш Фернандеш имал јасна намера да го урне авионот Ербаер 190, изјави на прес-конференција Жоау Абреу, директор на мозамбискиот Институт за цивилно воздухопловство.

Тој додаде дека причините за оваа одлука на пилотот не се познати и оти истрагата продолжува.

Авионот на мозамбиската национална авиокомпанија ЛАМ полета кон крајот на ноември од Мапуто за главниот град на Ангола, Луанда, со 27 патници и шест членови на екипажот. Меѓу патниците имаше десет државјани на Мозамбик, девет на Ангола, петмина Португалци, по еден Бразилец, Французин и Кинез.

Европската унија во 2011 година ги забрани летовите на компанијата ЛАМ во европскиот воздушен простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top