Сеуште се прашувате како да го исцртате стаклото пред Нова година, поточно прозорците, а тоа подоцна да можете брзо и едноставно да го избришете.
Одговорот е многу едноставен, сапун. Во само два чекори совладајте ја оваа едноставна техника и уживајте во вистинското зимско доживување. Ако сакате да ги украсите прозорците на својот дом не мора да купувате скапи бои и вештачки снег, туку решението лежи во вашата бања. Постои фантастична идеја за декорација која може секој да ја направи.
Земете обичен кремаст сапун и со помош на остар кујнски нож малку заострете го, додека не добиете форма на восочна боичка. Почнете со цртање.
Оние кои имаат смисла за цртање може да цртаат со слободна рака, а на оние на кои цртањето послабо им оди, од другата страна на прозорецот нека залепат шаблон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а децата на -30 просат по улиците
-
Eлка на средина и шанк под неа – Шилегов го објави планот за украсување
-
Ќе ви донесе куп среќа: Во пресрет на празниците, не е сеедно каде ја поставувате елката!
-
Божикната пиеса „Новиот цар“ од Томислав Османли објавена во пресрет на Божик