Гасоводот, кој го снабдува Дамаск со електрична енергија експлодира и главниот сириски град остана без струја, изјави анонимен воен извор, јави Танјуг.
– Експлозијата се случила во областа Деир Али, пет километри од меѓународниот аеродром во Дамаск. Градот е без струја, изјави истиот извор, додавајќи дека пламенот од запалениот гас е видлив од повеќе делови на градот.
Според сириските медиуми поради експлозијата без струја останале пет провинции.
Надлежните служби почнале со работа со цел да го обноват дотокот на електрична енергија.
Причините за експлозијата засега не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.