| четврток, 6 декември 2018 |

Жители на Лојане нападнале референт за возачки дозволи

kumanovo

Седуммина жители на кумановското село Лојане, вчера, нападнале рефернет за возачки дозволи во одделението за управни работи во Куманово, потоа мешусебе се степале пред оддлението, а откако биле приведени во полициска станица, таму ја продолжиле тепачката.

Полицијата конечно успеала сите да ги стави зад решетки, притоа неколкуима биле повредени од кои еден со нож.

Според СВР Куманоцо приведени и пријавени се Љ.Р.(20), С.Р.(28), Р.М.(27), И.М.(55), М.М.(33), Љ.М.(50) и Љ.М.(21) сите од с.Лојане – кумановско, поради основано сомнение дека сториле  кривични дела : убиство во обид, напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, насилство, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и загрозување на сигурноста.

Вчера околу 12 часот, во Одделението за управни работи Куманово прво и второ пријавениот поради предходно нерасчистени односи, ја загрозиле сигурноста на петопријавениот кој бил на работно место-Референт по возачки дозволи, на тој начин што првин вулгарно го навредувале, а потоа  му упатиле и сериозни закани по животот и телото по што си заминале, а тој веднаш настанот го пријавил во СВР Куманово.

Во тој момент пред  влезот на СВР Куманово, трето и четврто пријавените кои се роднини на петопријавениот, извршиле грубо насилство и кај јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв на тој начин што физички го нападнале удирајки го со тупаници  М.Р. (53), кој е татко на прво и второпријавените, а при интервенција на униформиран полициски службеник третопријавениот и него го нападнал удирајки го со тупаница во пределот на главата, при што му нанел  телесна повреда.

Потоа , пред самиот влез на полициската станица повторно настанала тепачка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со нож се обидел да го лиши од живот шестопријавениот, нанесувајки му убодна рана во пределот на градите, по што од страна на полициските службеници ножот е одземен и сите лица се приведени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top