| четврток, 6 декември 2018 |

Имигрант се самозапали во Грција

grcija
Странец, за кој се претпоставува дека е имигрант по потекло од Иран, утрово се самозапали во центарот на Атина, по што набрзо им подлегна на здобиените повреди.
Како што јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на тврдења на очевидци, мажот се полеал со бензин и се замозапалил. Случајни минувачи успеале да го изгаснат огнот, по што мажот со серизни изгореници по целото тело бил пренесен в болница, каде по кусо време починал.
На местото на инцидентот е пронајден паричник со документи за лична идентификација на 28-годишен ирански државјанин, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на самоубиецот.
Мотивите за ваквиот чин засега не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top