Интензивните врнежи од дожд кои што од раните утрински часови се присутни на подрачјето на општина Неготино се повеќе од добредојдени, а земјоделските стручни лица велат дека во изминатиот период беа регистрирани мали количини влага во почвата и на истите им беа неопходни врнежи за да останат во добра кондиција.
Од друга страна пак, врнежите од дожд и каливата почва ќе придонесат за стопирање на најактуелната операција во овој период од годината – кроењето на лозовите насади, но како што велат стручњаците тоа не треба да загрижува бидејќи има доволно време за непречено завршување на истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.