| четврток, 6 декември 2018 |

Дождот добредојден за неготинските лозови насади

Лозаропроизводителите од неготинскиот регион се задоволни од интензивните дождови, бидејќи како што велат тие, потребата од вода е голема за понатамошно непречен правилен раст и развој на лозовите насади

lozje

Интензивните врнежи од дожд кои што од раните утрински часови се присутни на подрачјето на општина Неготино се повеќе од добредојдени, а земјоделските стручни лица велат дека во изминатиот период беа регистрирани мали количини влага во почвата и на истите им беа неопходни врнежи за да останат во добра кондиција.

Од друга страна пак, врнежите од дожд и каливата почва ќе придонесат за стопирање на најактуелната операција во овој период од годината – кроењето на лозовите насади, но како што велат стручњаците тоа не треба да загрижува бидејќи има доволно време за непречено завршување на истата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top