| четврток, 6 декември 2018 |

Пругата до Бугарија ќе се гради во март

пругаВо должина од 31 километар, градежните работи за реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце ќе почнат во март следната година. Ова е прва од планираните три за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8.

Претставници на изведувачот на градежните работи, германската компанија „Вибе“, денеска потпишаа Договор со раководството на ЈП  „МЖ Инфраструктура“ за реализација на проектот во вредност од 39.753.000 евра до третиот квартал во 2016 година.

Со потпишување на договорот станува реалност проектот за изградба на железничката пруга до границата со Бугарија, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

– Денес го реализираме даденото ветување дека до крајот на оваа година ќе се склучи договор за изведување градежни работи за рехабилитација на делницата Куманово – Бељаковце, посочи Јанакиески и додаде дека се создадени услови за почнување со градбата во март догодина.

Со проектот се предвидува рехабилитација и доизградба на горниот и долниот строј на железничката пруга во должина од 31 километар. Предвидени се три станични згради, четири стојалишта, три моста, една тунелска цевка, осум подвозници и шест надвозници, пет километри станични колосеци, пристапни патишта со новопроектираните подвозници и надвозници, сигнализација и телекомуникации, електрификација и сета неопходна инфраструктура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top