| четврток, 6 декември 2018 |

Ходорковски помилуван од Путин, замина за Берлин

hodorkovskiКритичарот на Кремљ Михаил Ходорковски беше помилуван од претседателот на Русија Владимир Путин. Кратко потоа тој беше ослободен. Во меѓувреме Ходорковски пристигна во Берлин, пренесе Дојче Веле.

Критчарот на Кремљ и поранешниот нафтен олигарх Михаил Ходорковски пристигна во Берлин. Информацијата ја потврди портпарол на германското МНР.

Како што јавува магазинот „Шпигел онлајн“ Ходорковски на аеродромот „Шенефелд“ во Берлин бил пречекан од германската полиција, која треба да му додели влезна виза. Со неа тој една година може да патува во Шенгенскиот простор.

50-годишниот Ходорковски, по десет години претпладнево беше отпуштен од затворот Сегеша на руско-финската граница. Претходно рускиот претседател Владимир Путин го помилува Ходорсковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top