Белград слави, Тирана се смешка и Груевски во Скопје ја колне Атина, оценува грчкиот провладин весник „Катимерини“ во кусата анализа за европската перспектива на соседите на Грција.
МИА од Атина, објавува дека весникот деновиве не го спомена интервјуто на македонскиот премиер за „Ди Пресе“ во кое тој изјави дека Самарас е виновен за проблемот со името, потсетувајќи дека тој, заедно со Мицотакис, го создадоа проблемот.
Последниот текст во „Катимерини“ е очигледен одговор на интервјуто на македонскиот премиер, вешто затскриен зад наводен преглед на „она што всушност се случуваше во Брисел изминатава недела“.
Провладиниот весник кусо се осврнува на Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, за кои кажува технички факти за нивната евроинтеграција, додека во делот за Македонија пишува дека „европската перспектива на земјата останува заглавена воглавно поради опсесивниот лидер“.
„Катимерини“ на крајот заклучува дека, како и да е, не треба да се очекуваат спектакуларни случувања во однос на европскиот курс на земјите од Западен Балкан за време на грчкото претседателство со Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


