| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер се отвора Берлинале

Со кинескиот филм „Велемајсторот“  на Вонг Кар Ваи вечерва се отвора Берлинскиот филмски фестивал на кој ќе се прикажуваат 400 филма за 11 дена. Вкупно 19 продукции, меѓу кои и високобуџетни филмови од Холивуд, дела од европските ветерани и неколку дебитантски филма ќе се натпеваруваат за главните награди на популалрното Берлинале. Претседател на жирито е Вонг Кар Ваи, кој на 16 февруари ќе ја додели главанта награда „Златна мечка“.

02

Публиката ќе може да види филмови за корумпирани институции, свештеници хомосексуалци, нуклеарна контаминација, економска криза, еколошки катастрофи, проблеми со здравствено осигурување и за дебелина.

Во Берлин на црвениот тепих ќе продефилираат Мет Дејмон, Џад Ло, Жилиен Бинош, Итан Хоук, Џули Делпи, Николас Kејџ, Ема Стоун, Џефри Раш, Kатрин Денев, Изабел  Ипер и Џереми Ајронс.

03

Во жирито членуваат и оскаровецот Тим Робинс, иранскиот режисер Ширин Нешат, продуцентката од Грција Атина Рејчел Цангари, данската оскаровка Сузане Биер, Андреас Дресен од Германија, кој на крајот од минатата година беше во Скопје како гостин на фестивалот „Синедејс“ и американската камерманка Елен Kурас.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top