| четврток, 6 декември 2018 |

Нема шега, Суарез го продолжи договорот со Ливерпул до 2018 година

Нема шега, Луис Суарез навистина го продолжи договорот со Ливерпул до 2018 година, а потврда стигна од официјалната клупска страница на „црвените“ од „Енфилд роуд“.

– Пресреќен сум што се договоривме и што уште долг период ќе играм за Ливерпул – изјави уругвајскиот напаѓач. Понудата на клубот за Суарез беше неделна плата од импресивни 200 илјади фунти, што 26-годишниот фудбалер ја прифати и попладнево ја преточи во продолжување на договорот за следните 5 години.

– Луис е играч од светска класа, со невиден талент. Клучно за нас беше да остане на „Енфилд роуд“ и задоволни сме што ја остваривме мисијата да го задржиме во Ливерпул – изјави тренерот Брендан Роџерс. Суарез игра во извонредна форма, неодамна постигна најбрз хет-трик во сезоната, а има неверојатно достигнување од 4 гола на ист меч, неколку спектакуларни погодоци, одлични асистенции и игри во дресот на Ливерпул.

На 11 натпревари како стартер, Суарез постигна 17 погодоци сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top