Министерството за образование и за наука го унапреди системот за екстерно тестирање, информираше министерот Спиро Ристовски.
Прашањата годинава ќе бидат достапни на учениците 30-ина дена пред полагањето, а три дена пред полагањето ученикот точно ќе знае по кои предмети ќе полага.
– При изработувањето на прашањата, кое е во тек, предвид се зема застапеноста на наставниот предмет, односно неделниот фонд на часови по тој предмет. Така, на пример, за предмет што е предвиден со еден час неделно ќе се изработат приближно 100 прашања, а за наставен предмет што е застапен со два часа неделен фонд, приближно 200 прашања – објаснува министерот Спиро Ристовски.
Со екстерното ќе бидат опфатени и учениците од завршните години, кои ќе полагаат во јануари.
Од позициската СДСМ реагираа дека со предвидените измени ќе се зголеми стресот на матурантите кои освен што полагаат државна матура и ги чека запишување на факултет, ќе треба да се подготвуваат и за уште едно оценување и ги повикаа Никола Груевски и Спиро Ристовски да се откажат од непотребниот проект во којшто ги вовлекоа учениците и наставниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.