Полициска патрола го пронашла 23-годишниот кумановец кој пред една недела исчезна од пред својот дом, во село Тромеѓа, јави „Плусинфо“.
Момчето е пронајдено синоќа околу 22.30 часот во кумановското село Љубодраг. Според полицијата, тој насилно бил внесен во патничко моторно возило, без регистарски таблички, кое веднаш заминало од местото на настанот. Причините за неговото грабнување сѐ уште не се познати, а полицијата и Основното јавно обвинителство работат на целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.