Богатите Кинези се многу задоволни со телохранителите од академијата „Тијанџјао“, отворена страна на поранешниот војник Ченг Јонгчинг (30), пренесува „Ројтерс“.

Еден од клиентите, богатиот бизнисмен господин Џанг, вели дека ја побарал помошта од најдобрите откако негов пријател бил киднапиран и убиен. Џанг во моментов има најмено дури 18 телохранители од школата на Ченг.

– Покрај за безбедноста на мојата компанија, тие се одговорни и за безбедноста на моето семејство. Општество во денешно време воопшто не е стабилно – вели Џанг.

Ако семејството во моментот не е под никаква закана и ако работодавецот го побара тоа, телохранителите се задолжени да работат и во домаќинството.

Сопственикот на академија вели дека првично поголемиот дел од клиентите биле познати личности, а сега тоа се и богати бизнисмени бидејќи да се има телохранител е статусен симбол.

Ченг вели дека тешката обука и сите маки низ кои поминуваат студентите, најчесто пензионираниот војници, многу им се исплати откако ќе се вработат бидејќи платите на некој кој се грижи за боагатите клиенти се неколку пати поголеми отколку тие на обичните телохранители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


