| четврток, 6 декември 2018 |

Суровата обука и баналниот живот на кинеските телохранители

Студентите на Кинеската академија на телохранители оминуваат преку исцрпувачка обука за еден ден да ја штитат безбедноста и да го хранат чувството на големина на своите богати работодавци.

Богатите Кинези се многу задоволни со телохранителите од академијата „Тијанџјао“, отворена страна на поранешниот војник Ченг Јонгчинг (30), пренесува „Ројтерс“.

414142_20131219reutersjason-leebeijingdi005992616_ff

Еден од клиентите, богатиот бизнисмен господин Џанг, вели дека ја побарал помошта од најдобрите откако негов пријател бил киднапиран и убиен. Џанг во моментов има најмено дури 18 телохранители од школата на Ченг.

414143_20131219reutersjason-leebeijingdi005992617_ff

– Покрај за безбедноста на мојата компанија, тие се одговорни и за безбедноста на моето семејство. Општество во денешно време воопшто не е стабилно  – вели Џанг.

414144_20131219reutersjason-leebeijingdi005992618_ff

Ако семејството во моментот не е под никаква закана и ако работодавецот го побара тоа, телохранителите се задолжени да работат и во домаќинството.

414154_20131219reutersjason-leebeijingdi005992629_ff

Сопственикот на академија вели дека првично поголемиот дел од клиентите биле познати личности, а сега тоа се и богати бизнисмени бидејќи да се има телохранител е статусен симбол.

414152_20131219reutersjason-leebeijingdi005992626_ff

Ченг вели дека тешката обука и сите маки низ кои поминуваат студентите, најчесто пензионираниот војници, многу им се исплати откако ќе се вработат бидејќи платите на некој кој се грижи за боагатите клиенти се неколку пати поголеми отколку тие на обичните телохранители.

414150_20131219reutersjason-leebeijingdi005992624_ff

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top