| четврток, 6 декември 2018 |

Митроглу го продолжи договорот со Олимпијакос

mitroglu

Грчкиот репрезентативец и играч на Олимпијакос, Костас Митроглу, го продолжи договорот со овој клуб до 2017 година.
Тој игра одлично во оваа сезона постигнувајќи неколку клучни голови за клубот од Пиреа во Лигата на шампионите, а беше и еден од најзначајните играчи за грчкиот национален состав, кој се пласираше на СП во Бразил.
За Митроглу беа заинтересирани повеќе европски глубови, но тој одлучи да остане во Олимпијакос за подобрена финансиска понуда.

– Во Олимпијакос се чувствувам одлично. Имав понуди и од европски клубови, но за Олимпијакос играм со срце – изјави Митроглу.

Тој во Олимпијакос заработува по еден милион долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top