| четврток, 6 декември 2018 |

Путин подготвен да ги помилува олигархот Ходорковски и „Пуси рајот“

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека се подготвува да го потпише барањето за помилување на рускиот олигарх Михаил Ходорковски, кој повеќе десет десет години е во затвор под обвинение за финансиски измами и кражби, пренесува ИТАР-ТАСС.

Ходорковски тврди дека обвиненијата против него се политички мотивирани бидејќи тој беше противник на политиката на Путин.

– Ходорковски помина во затвор повеќе од десет години, што е сериозен период и сметам дека треба да се донесе одлука за негово помилување – изјавил Путин на годишната прес-конференција.

Адвокатот на Ходроковски, сепак, истакна дека поранешниот олигарх не побарал помилување од Путин.

Путин, исто така, потврди дека двете пејачки од панк-групата „Пуси рајот“ ќе бидат ослободени според донесената амнестија од парламентот. Сепак, тој го опиша протестот против него во московската катедрала како срамна манифестација.

Двете пејачки отслужуваат казна од 2 години во поправни колонии поради скандалозната панк-молитва во московската катедрала „Христос Спасител“. Тие требаше да излезат од затвор во март идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top