| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн ги загуби нервите (видео)

Ретко се случува некој да го изнервира Леброн Џејмс, а тоа синоќа му тргна од рака на неговиот соиграч Марио Шалмерс кој поради тоа можеше да добие и ќотек.

Вербалниот дуел помеѓу нив двајца почнал уште на теренот во моментот кога Индијана воделa со 63-49, а продолжи на клупата за време на тајм-аутот кога Шалмерс му рекол нешто на Џејмс, по што тој веднаш стана да му објасни некои работи. За среќа, соиграчите го сопреа Леброн да не направи поголем инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top