
Температури измерени во 9,30
Претежно ведро време низ земјава нè очекува денеска, прогнозира Метеопро. Но повторно исклучок ќе имаме во котлините на северот на земјата, каде ќе има услови маглата да се задржи во поголем дел од денот. Утрото има слаба магла во повеќе котлини, но се очекува да се „растури“ околу пладне. Ветер речиси и нема да дува во текот на денот. Дневниот температурен максимум во поголем дел од земјата ќе има вредност околу шест Целзиусови степени, а на југот на Повардарие меѓу 10 Целзиусови степени и 12 Целзиусови степени. Атмосферскиот притисок ќе биде над нормалата и тоа за околу 15 hPa (мерни единици). Во Скопје магла и ниска облачност. Сепак има мала веројатност во текот на попладнето да „пробие“ малку сонце. Mаксималната температура ќе достигне до четири Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


