| четврток, 6 декември 2018 |

Зиков: Во идниот парламент ќе имаме од 7 до 10 пратеници

LIDERI-4-Zikov

Никаде во ниту една тапија не стои дека ВМРО ДПМНЕ и СДСМ треба да бидат вечните партии на власт  во Македонија. Време е да се менува политичката карта и граѓаните да бараат нешто прогресивно и ново, нешто што ќе не катапултира во ЕУ и НАТО. Македонските граѓани се во една заложничка драма, а македонската политичка сцена е обременета со многу говор на омраза, клевети и негативна енергија, која недозволува позитивна идеја и мисла за развојот на Република Македонија“, вели во интервјуто за „Охрид1“ Љупчо Зиков претседателот на Алијанса за позитивна Македонија. Според Зиков Алијанската за позитивна Македонија на следните избори ќе освои од 7 до 10 пратенички места.

Во врска со партискиот став околу спорот за името, тој вели дека Македонија мора да го задржи своето уставно име, а за меѓународното име треба  да  преговара со Грција. На тој начин ќе сме биле на пат да го задржиме нашиот македонски иднетитет, како македонски народ и македонски јазик, бидејќи во основата на проблемот лежел напорот на Грција да го проблематизира нашиот идентитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top