| четврток, 6 декември 2018 |

Дури тројца мртви на листата – Што бараше светот на Гугл во 2013?

Смртта на екс претседателот на Јужна Африка Нелсон Мандела на 5 декември  го искачи на првото место на најбарани поими/личности на Гугл во 2013 година.

На второто место е починатиот актер од „Брзи и Бесни“ Пол Вокер кој исто така загина при крајот на годината.

Третото место на барани поими е за „Ајфон“ – iPhone5S“.

За нас малку познатиот актер од телевизиската серија „Гли“, Кори Монтит, кој беше пронајден мртов откако се предозирал со дрога во текот на летото е на  четвртото место.

На петото место според барањата на Гугл е лудиот танц на Харлем шејк.

Втората петорка најбарани поими /личности кои биле пребарувани преку ја сочинуваат  бостонскиот маратон на кој е извршен бомбашки напад, наследникот на британската империја принц Џорџ, телефонскиот апарат Samsung Galaxy S4, новиот SonyPlaystatuion 4 и Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top