| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Интер и Милан на заеднички простест

navivaci inter i milan

Фанови на Интер и Милан организираат заеднички протест против одлуката на локалната фудбалска асоцијација да не дозволи навивачки групи во секторите зад вратите. Тие сметаат дека дербито ќе загуби од својот идентитет, ако ги нема најверните фанови.

Ултрасите пак се пожалија дека месеци труд и илјадници евра ќе бидат залудно потрошени, откако планираната кореографија нема да биде употребена.

-Едноставно немаме зборови. Срам ни е од оние кои управуваат со фудбалот. Дерби без навивачи? Планиравме да направиме нешто со кое Италија и Милано ќе се гордеат пред светот. Сега сето тоа оди во ветрот – прокоментираа навивачите на двата клуба .

Дуелот е закажан во недела од 20:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top