| четврток, 6 декември 2018 |

Разделба за МЗТ Скопје против Уникс Казан, единствениот непоразен тим во Еврокупот

Македонскиот шампион МЗТ Скопје вечерва од 18 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се простат од дебитанскиот настап во Еврокупот. Првата епизода е неуспешна со само една победа и дури 8 порази, а вечерва на гости е Уникс Казан, единствената од вкупно 48 екипи што има маскимален учинок од 9 победи.

Првиот дуел во Русија го доби фаворитот и тоа убедливо со 85-61, а и вечерва Зизис, Еидсон и останатите кошаркари на лидерот во Г групата се во предност. Имаат одличен состав, квалитетни играчи, па кошаркарите на МЗТ Скопје ќе треба да се надминат за да ја забележат втората победа во Еврокупот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top