Светскиот интернет пребарувач „Гугл“ секој ден бележи што се пребарува, па така настанаа листите со најпопуларни поими, личности, настани. Според листата на „Гугл“, најмногу се пребарувало за неодамна починатиот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела, на второ место е Пол Вокер, а на трето е „ајфон 5“.
Во првите десет најпребарувани поими се Бостонскиот маратон, кралското бебе, „самсунг галакси С4“, „плеј стејшн 4“ и Јужна Кореја.
Најбарани личности на „Гугл“ оваа година се Мандела, Вокер, Малала Јусафзаи, Џејмс Гандолфини, Оскар Писториус, Џенифер Лоренс, а во категоријата настани најмногу се читало за Бостонскиот маратон, Светското првенство (СП) во фудбал во 2014 година, Кинеската Нова година, Отвореното тениско првенство во Австралија, Евровизија, Вимблдон, конфликтот во Сирија и Европското првенство во кошарка.
Најпребарувани спортисти во 2013 година биле Оскар Писториус, Арон Хернандез, Адријан Петерсон, Ленс Армстронг…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.