Американскиот магазин Форбс ја објави листата за десетте најплатени спортисти за 2013 година.
На прво место се врати црномурестиот голфер Тајгер Вудс кој во 2013 година за работил 78 милиони долари. Од овие пари дури 65 милиони му се од спонзорски договори.
На второто место се најде кралот на тенисот швајцарскиот ас Роже Федерер. Тој од турнирите оваа година заработил „само“ 6.5 милиони додека од спонзорите икасирал уште 65 милиони долари.
Трет на листата се најде кошаркарот Коби Брајант со годишна заработувачка од 62 милиони долари.
Најдобро платен фудбалер на оваа листа на Форбс е Дејвид Бекам со 47 милиони и се наоѓа на осмото место.
Меѓу стоте спортисти се наоѓаат и две жени.
Тоа се тенисерките Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Шарапова оваа година заработила 29 милиони и се најде на 22 место, додека Вилијамс се најоѓа на 68 место со заработувачка од 20.5 милиони долари.
Десет најплатени спортисти за 2013 година:
1. Тајгер Вудс (голф) 78 милиони долари
2. Роже Федерер (тенис) 71.5
3. Коби Брајант (кошарка) 62
4. Леброн Џејмс (кошарка) 60
5. Дру Брис (американски фудбал) 51
6. Арон Роџерс (американски фудбал) 49
7. Фил Микелсон (голф) 48.7
8. Дејвид Бекам (фудбал) 47.2
9. Кристијано Роналдо (фудбал) 44
10. Лионел Меси (фудбал) 41
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





