| четврток, 6 декември 2018 |

Жена пренесувала 31.000 долари во желудник

Жена од Гватемала е уапсена на меѓународниот аеродром во Панама при обид да влезе земјата со повеќе од 31.000 долари во стомакот, соопшти панамската полиција.

Според полициските информации, жената на возраст од 44 години, е уапсена поради сомнително однесување по што била прегледана на рентген. Во стомакот и биле најдени 39 купчиња пари чија вредност е проценета на 31.200 долари.

Жената била пренесена во болница во главниот град Панама каде што се очекува да ги исфрли сите пари за да се утврди точната сума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top