Одличниот бек на Портланд Демијан Лилард повторно им донесе победа на своите соиграчи постигнувајќи тројка во финишот од натпреварот против Кливленд. Тој ја одигра најдобрата партија во сезоната постигнувајќи 36 поени и 10 асистенции за победа од 119-116. Покрај Лилард во тимот на Портланд се истакна и Ламаркус Олдриџ со 26 поени 15 скока и четири асистенции. Кај поразените најдобар поединец на паркетот беше Кајри Ирвинг со 25 поени и 10 асистенции.
Коби Брајант постигна 21 кош за победа на својата екипа Лос Анџелес Лејкерс против тимот на Мемфис со 96-92. По Гасол даде 21 поен и девет скока. Кај поразените „гризли“ најдобар беше Зек Рендолф со 18 поени, 16 скока и пет асистенции.
Оклахома беше подобра од Денвер со 105-93, а Кевин Дурант беше најдобар стрелец во победничката екипа со 30 постигнати поени.
НБА Резултати:
Голден стејт – Њу Орлеанс 103-94, Шарлот – Сакраменто 95-87, Кливленд – Портланд 116-119, Мемфис – ЛА Лејкерс 92-96, Денвер – Оклахома 93-105.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



