| четврток, 6 декември 2018 |

Белгискиот премиер ја критикуваше кралицата Фабиола дека се обидува да избегне плаќање данок

Белгискиот премиер Елио Ди Рупо остро ја критикуваше кралицата Фабиола поради нејзините планови за наследството, кои во белгиската јавност се толкуваат како обид да избегне плаќање данок на богатство.

Премиерот вчера во обраќањето во парламентот пред пратениците рекол дека ги дели емоциите предизвикани со овој скандал. Плановите на кралицата со кои сакала да формира приватен фонд што ќе се грижи за нејзиното наследство за Ди Рупо биле „етички лоши“ без разлика дали се легални или не.

Причината за таквото размислување на премиерот е поради позицијата на кралицата и поради државната плата која годишно и ја одобрува парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top