Шефот на британската дипломатија Хејг истакна дека откако Дејвид Камерон го најави референдумот пред месец дена, од страна на лидерите на Европската унија не се забележува одредено непријателство.
Министерот го посочи и тоа дека на самитот за буџетот на ЕУ, се очекува премиерот Камерон да се спротивстави на францускиот лидер Франсоа Оланд. Хејг истакна дека канцеларката на Германија Ангела Меркел „искрено верува” дека Велика Британија треба да остане во ЕУ.
„Реакциите на владите се хетерогени”, коментира Хејг. „Канцеларот Меркел реагира прагматично, како и многу други европски лидери”. Тој додаде: “Француската влада, која дефинитивно има сосема различни ставови за идниот развој на Европа, изјави јасно дека сака Британија да остане во европскиот блок. Мислењата дека поради идеите кои ги предложивме, ќе се судриме со ѕид на непријателство, според мене се погрешни “.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



