| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос: Проблемот со Македонија не е билатерален

venizelos_karate Проблемот со Македонија не е тема на две држави ниту пак е тема која се однесува само на проблемот за името- изјави пред Совет на министри на ЕУ во Брисел министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

– Станува збор за многу подлабок проблем кој се однесува на владеењето на правото и демократските принципи. Тоа е исто така меѓународен проблем кој се решава во рамките на ОН, но е и проблем на ЕУ бидејќи се однесува на Копенхашките критериуми кои сите треба да ги почитуваат- додава Венизелос.

– Ние ќе ги поддржиме европските перспективи на Западниот Балкан доколку овие земји покажат добра волја и почитување на европските принципи. Задоволно сме од тоа што Србија ќе започне преговори за време на грчкото претседателство. Ова е важно не само за интеграцијата на Србија туку и за целиот регион вклучително и Косово затоа што на тој начин ќе се засили дијалогот меѓу Белград и Приштина- смета Венизелос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top