Популарниот пејач Џастин Тимберлејк на неговиот концерт му помогна на едно момче на незаборавен начин да ја запроси неговата девојка Ким.
За време на неговиот концерт во Кентаки, додека ја пеел песната „That Girl“, Тимберлејк на бината ја викнал двојката која стоела во првиот ред. Девојката не знаела што ја очекува па затоа била многу возбудена, додека пак нејзиното момче Џош уште во ноември се договорило со екипата на Џастин околу оригиналното запросување.
Кога Џош клекнал пред неговата девојка, Тимберлејк продолжил со концертот, а притоа му ја исполнил и желбата на Џош да и подготви вакво изненадување.
Погледнете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.