| четврток, 6 декември 2018 |

Колку навистина вредат најскапите трансфери

Фудбалскиот интернет портал „Гол“ направи интересна анализа за трансферите во 2013 година. Целата идеја за ваква анализа е за да се види колку пари вкупно се потрошени за најскапите трансферите.

Екипите кои ги направија Топ 10 трансферите, ќе потрошат фантастични 1,2 милијарди евра. Во пресметките на „Гол“ се ставени и данокот кон државата, бонусите за настапите и постигнатите голови, до премиите на менаџерите, како и финансиските надоместоци кон нивните поранешни клубови.

Трансферот на Герет Бејл е најскап во историјата на фудбалот, тој со Реал Мадрид потпиша шестгодишен договор. Доколку Велшанецот го одработи договорот до крај, Реал ќе потроши речиси 200 милиони евра.

Втората најскапа инвестиција е Колумбиецот Радамел Фалкао, кој Монако ќе го чини 150,3 милиони евра, следува Едисон Кавани од Пари Сен Жермен (148,5 млн евра). Топ 5 го затвораат ѕвездите на Барселона и Арсенал, Нејмар (124), односно Месут Озил (117,6).

10 најскапи трансфери во 2013, според пресметките на „Гол“:

1. Герет Бејл (Тотенхем – Реал Мадрид) 198,8 млн евра
2. Радамел Фалкао (Атлетико Мадрид – Монако) 150,3
3. Едисон Кавани (Наполи – ПСЖ) 148,5
4. Нејмар (Сантос – Барселона) 124
5. Месут Озил (Реал Мадрид – Арсенал) 117,6
6. Марио Геце (Борусија Дортмунд – Баерн Минхен) 114,2)
7. Маруан Фелаини (Евертон – Манчестер Јунајтед) 97
8. Маркињос (Рома – ПСЖ) 94,8
9. Гонзало Игуаин (Реал Мадрид – Наполи) 88,3
10. Џејмс Родригез (Порто – Монако) 83,7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top