Лицата со посебни потреби кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз за 2014 година можат да ги достават барањата до здруженијата на граѓани во кое членуваат.
Градот Скопје денеска соопшти дека заинтересираните граѓани, лица со оштетен вид, слух, со телесно оштетување, интелектуална попреченост, бубрежноболни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз можат да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на градот Скопје.
Здруженијата на граѓани конечниот список на баратели треба да го достават до Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, барака бр. 2, најдоцна до 16 јануари идната година.
За дополнителни информации претставниците на здруженијата можат да се јават на телефон 3297 – 321.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


