Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос донира нафта во вредност од еден милиони долари за греење на грчките училишта, но Грците не се сигурни во намерите на Сорос поради неговите отворени промакедонски ставови.
Општина Солун од март годинава прифати околу 90 тони нафта донации за греење на училишта и на други институции. Општината Атина добила вкупно 40 тони нафта. Следен е градот Науса, инаку во спротивно, учениците треба да одат на часови во услови на поларна температура. Градоначалникот на Науса, Тасос Марампацос, и покрај реакциите и несогласувањата од страна на родителите , веќе контактирал со фондацијата и побарал нафта која ќе ги покрие потребите на училиштата во регионот.
Родители во Науса не се единствените што не се согласуваат со финансиската поддршка на Сорос. За време на состанокот на комисијата за финансии на општината, повеќето присутни биле резервирани во врска со прифаќање на средствата поради промакеоднските ствови на Сорос, пишуваат грчките медиуми.
Венјамин Каракостаноглу, член на комисијата за финансии на општина Солун, информира дека прво добиле писмо од фондацијата на Сорос со предлог организацијата да ги покрие трошоците за греење на нафта на училиштата.
– За тоа расправавме во комисијата и одлучивме да прифатиме 90 тони нафта за училиштата и некои други институти. Мое мислење е дека можеме да ја прифатиме понудата , иако сè уште останува сомнеж во гестот на Сорос зашто тој има кажано некои контроверзни коментари околу името на Македонија. Токму затоа треба да бидеме внимателни кон него и кон неговата волја да помогне – смета Каракостаноглу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


