
Местото каде се судриле возовите
Вчера од Скопје тргна деловниот воз кон Битола, со што полека се нормализира железничкиот сообраќај. По 24-часовниот прекин, возовите по Коридорот 10 ќе се движат според вообичаениот возен ред.
Според надлежните во железница единствено во близина на железничката станица каде што се судрија патничкиот и товарниот воз, железничките композиции ќе се движат со намалена брзина поради сѐ уште нелегнатиот терен.
Сè уште нема официјални, а според првичните информации, причина за судирот на возовите меѓу Велес и Скопје, најверојатно, е човечка грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


