| четврток, 6 декември 2018 |

Скотланд јард не најде докази дека принцезата Дајана е убиена

dajana vozilo tunel

Британски Скотланд јард вчера соопшти дека ја завршил истрагата за новите информации за смртта на принцезата Дајана во 1997 година и дека при тоа не биле пронајдени „уверливи докази“ дека таа е убиена.

Скотланд јард во август годинава извести дека ја проверува веродостојноста на неодамна добиените информации за смртта на Дајана и Доди ал Фајед, вклучувајќи дека биле убиени од британски специјалци.

dajana dodi

Според информациите кои ги истражуваше Скотланд јард, припадник на елитната британска војска САС, наводно, учествувал во убиството на Дајана. Податоците ги доставиле во полиција родителите на неговата сопруга повикувајќи се на тоа што тој им го раскажувал претходно, а чии копии од писма поседува и „Скај њуз“. Истрагата на полицијата не нашла „уверливи докази“ дека припадник на САС бил вклучен во нивното убиство.

princeza-dajana-udes-poginula-1379287102-366875

 

– Иако постои можност наводните коментари да се поврзани со вмешаност на САС во смртта на Дајана, не постојат релевантни докази да ја поддржат теоријата за таквото тврдење да има реална основа – наведува „Скај њуз“ во пренесувањето на соопштението од Скотланд јард.

За причините за смртта на принцезата Дајана постојат повеќе теории, но досега ниту една не е официјално докажана или прифатена од властите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top