Британски Скотланд јард вчера соопшти дека ја завршил истрагата за новите информации за смртта на принцезата Дајана во 1997 година и дека при тоа не биле пронајдени „уверливи докази“ дека таа е убиена.
Скотланд јард во август годинава извести дека ја проверува веродостојноста на неодамна добиените информации за смртта на Дајана и Доди ал Фајед, вклучувајќи дека биле убиени од британски специјалци.
Според информациите кои ги истражуваше Скотланд јард, припадник на елитната британска војска САС, наводно, учествувал во убиството на Дајана. Податоците ги доставиле во полиција родителите на неговата сопруга повикувајќи се на тоа што тој им го раскажувал претходно, а чии копии од писма поседува и „Скај њуз“. Истрагата на полицијата не нашла „уверливи докази“ дека припадник на САС бил вклучен во нивното убиство.
– Иако постои можност наводните коментари да се поврзани со вмешаност на САС во смртта на Дајана, не постојат релевантни докази да ја поддржат теоријата за таквото тврдење да има реална основа – наведува „Скај њуз“ во пренесувањето на соопштението од Скотланд јард.
За причините за смртта на принцезата Дајана постојат повеќе теории, но досега ниту една не е официјално докажана или прифатена од властите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст