| четврток, 6 декември 2018 |

Џерард: Уживам во падот на Манчестер Јунајтед

Капитенот на Ливерпул Стивен Џерард поради повреда не беше во можност да му помогне на неговиот тим во победата над Тотенхем, но сепак тој повторно беше во центарот на вниманието.

Џерард на гостувањето во една емисија поврзана со Премиер лигата, истакна дека е задоволен од неговиот тим, дека очекувал екипата на Манчестер Јунајтед да минува низ кризни периоди поради промената на менаџерот, но во исто време е среќен поради тоа што Манчестер не е како претходно.

Тој исто така смета дека оваа изјава ќе крене многу прашина, но оваа изјава е логична со оглед дека Јунајтед е главниот виновник што Џерард во неговата богата кариера сеуште не ја освоил Премиер лигата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top